5 мај, 2014

Евровизиска „Песна за 12 поени“

На самиот почеток на евровизиската недела, домаќините на претстојното 59-то издание на Евровизија се обидоа да направат хумористична песна за славните и максимални 12 поени. Николај Копел, Пилу Есбек и Лис Рон ја снимија песната насловена едноставно „Песна за 12 поени“, а бројот 12 го поврзуваат со 12-те витези на тркалезната маса на кралот Артур, 12-те апостоли на Исус, 12 месеци во годината, а од непознати причини дел од песната е и Кина, како и генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун. Како изгледа сето тоа можете да видите горе.

Вчера во Копенхаген беше одржана и свечената церемонија која го означи отворањето на евровизиската недела, а на манифестацијата настапија и данските победници од 2000 година, браќата Олсен кои ја изведоа победничката песна „Fly On The Wings Of Love“.

 

 



Врати се горе ↑