Македонија esma-lozano-evrosong

28 март, 2013

Евровизија: Македонија ќе настапи трета во втората полуфинална вечер

Македонија ќе настапува трета во втората полуфинална вечер, одлучи изборот направен од Шведската радио телевизија. Оваа година е одлучено да не се оди со официјална ждрепка на редоследот на изведување, туку самата телевизија да одлучи кој како ќе пее, за да не се повторуваат слични жанровски песни една по друга.

Во првото полуфинале ќе се претстават 16 земји, при што Австрија го отвора натпреварувањето, а Србија го затвора. Второто полуфинале ќе содржи 17 земји, при што Летонија го отвора полуфиналето, а ќе го затвори Романија.

Единствени соседи кои имаат можност да ни дадат поени се Бугарија и Албанија кои се со нас во првото полуфинале, како и Грција, која традиционално не ни дава поени. Сите останати екс-Ју земји се во првото полуфинале.

Извор: Primetime.mk



Врати се горе ↑