13 март, 2017

„Евровизија 2017“: Албанската претставничка Линдита го претстави својот „Свет“

Полека стигнуваат сите песни што ќе се натпреваруваат на годинешното, 62. по ред издание на „Евровизија“, а меѓу нив е и нашиот сосед Албанија, чија претставничка за годинава е Линдита Халими. 27-годишната пејачка триумфираше на 55. издание на „Festivali i Këngës“ со темата насловена Botë“ или „World“, дело на композиторот Клодијан Чафоку и текстописецот Гералд Џари, a официјалниот видео запис објавен денеска можете да го погледнете горе.

Линдита се прослави со учеството во третата сезона на албанскиот „Идол“, а по нејзиното преселување во САД во 2013 година, се обиде да се докаже и на тамошната музичка сцена, пријавувајќи се на минатогодишната последна сезона на „Американски идол“.

17155666_1265579843526243_8644799064150997590_n

Ова ќе биде 14. евровизиско учество на Албанија, која се вклучи во натпреварот во 2004 година, кога тогашната претставничка Ањеза Шахини го освои високото 7. место во финалето со темата „The Image Of You“. Најдобриот пласман, односно 5. место во финале, го има постигнато во 2012 година со моќната балада „Suus“ во изведба на Рона Нишлиу.

Во мај во Киев, Линдита ќе ги брани боите на својата земја во првата полуфинална вечер на 9 мај, а се надеваме и во финалето на 13 мај.



Врати се горе ↑