20 мај, 2015

„Евровизија 2015“: Нема финале за Македонија

Синоќа се одржа првата полуфинална вечер од јубилејното 60. издание на „Евровизија“, во чии рамки настапија 16 од вкупно 40 земји што учествуваат годинава. Меѓу нив беше и нашиот претставник Даниел Кајмакоски, кој во придружба на триото „Мрџ“ ја отпеа песната „Autumn Leaves“. И покрај тоа што имаа навистина одлична изведба, Македонија и оваа година остана без пласман за финале.

„Чест ми е што бев дел од 60. издание на ’Евровизија’. Дадов сè од себе во оваа изведба со надеж дека публиката ќе ја почувствува емоцијата на ’Autumn Leaves’. Исто така, многу ми значи поддршката од ’Мрџ’ на сцената. За крај, би сакал да им се заблагодарам на сите фанови што гласаа за нас! Ова беше едно прекрасно искуство за мене, организацијата на фестивалот беше одлична и се надевам дека ќе победи најдобрата песна“, вели Кајмакоски, а како изгледаше синоќешниот настап можете да погледнете горе.

Македонија беше единствената земја од регионот којашто не се квалификуваше за финале, така што в сабота повторно ќе ги видиме претставниците на нашите соседи Србија, Албанија и Грција. Меѓу првите десет финалисти се најдоа и Ерменија, Белгија, Естонија, Унгарија, Русија, Романија и Грузија, а нивните настапи можете да ги погледнете во продолжение.

Србија: Бојана Стаменов – Beauty Never Lies

 

Албанија: Елајда Дани – I’m Alive

 

Грција: Марија Еленa Киријаку – One Last Breath

 

Ерменија: Џенеалоџи – Face the Shadow

 

Белгија: Лоик Ноте – Rhythm Inside

 

Естонија: Елина Борн и Стиг Раста – Goodbye to Yesterday

 

Унгарија: Боги – Wars For Nothing

 

Русија: Полина Гагарина – A Million Voices

 

Романија: Волтаж – De la capăt

 

Грузија: Нина Сублати – Warrior

Следните 10 финалисти ќе бидат избрани в четврток, кога на евровизиската сцена ќе настапат претставниците на 17 земји, а потоа 20-те финалисти избрани во двете полуфинални вечери ќе им се придружат во финалето на земјите од „големата петка“ – Велика Британија, Франција, Шпанија, Германија и Италија, како и домаќинот Австрија и гостинот Австралија. Доколку ја пропуштивте синоќешната манифестација, истата можете да ја прегледате на „Јутјуб“, каде што се пренесуваше во живо и каде што ќе има пренос и од втората полуфинална вечер в четврток и финалето в сабота.

И.Ј.



Врати се горе ↑