Македонија dk

28 јануари, 2015

Евросонг 2015: Кајмакоски ќе пее во првата полуфинална вечер

На 60. јубилејно издание на „Евровизија 2015″ , што ќе се одржи во Виена, Австрија од 19 до 23 мај годинава, македонскиот евровизиски претставник Даниел Кајмакоски ќе настапи на првата полуфинална вечер. Кајмакоски со „Лисја есенски“ ќе се обиде да ги собере симпатиите на европската музичка јавност и да обезбеди што повисок пласман, во конкуренција од 39 изведувачи од исто толку земји.

На првата полуфинална вечер настапуваат 16 држави и тоа: Македонија, Грција, Естонија, Холандија, Молдавија, Финска, Белгија, Ерменија, Србија, Данска, Белорусија, Романија, Русија, Албанија, Грузија и Унгарија. Во второто полуфинале ќе се натпреваруваат претставниците на 17 држави: Норвешка, Ирска, Чешка, Литванија, Сан Марино, Малта, Португалија, Црна Гора, Швајцарија, Азербејџан, Словенија, Латвија, Полска, Исланд, Израел, Кипар и Шведска.

Првото полуфинале ќе се одржи на 19 мај, второто на 21, а финалната вечер е закажана за 23 мај.

Инаку, Кајмакоски, чиј хит Не могу против срца свог“  сè уште е на врвот на регионалната листа на „Ем-ти-ви“„Домаќинка“, деновиве објави кусо видео на својот профил на Инстаграм, во кое заедно со композиторката Александра Милутиновиќ пее мал дел од новата песна којашто ќе биде претставена наскоро. Како звучи сето тоа можете да слушнете овде. а во продолжение слушнете ја евровизиската „Лисја есенски“ во малку поинакво руво.

 



Врати се горе ↑