Видео tijana-2nd rehearsal-eurovision-tv-videostill

3 мај, 2014

Евросонг 2014: Погледнете како помина генералната проба на Тијана

Уште само неколку дена нè делат од почетокот на 59-тото издание на Евровизија, а претставниците на сите земји учеснички деновиве одржаа по две генерални проби за нивните настапи во вторник, четврток и сабота. Од првата генерална проба беа објавени само кратки извадоци од триесетина секунди, a од денешната втора проба снимките се објавени во целост. Како изгледаше сето тоа можете да погледнете во продолжение.

Уште една снимка од денешната проба снимена од објективот на ESCKAZ.

 

Покрај генералните проби, ESCKAZ беше дел и од македонската забава, а каква беше атмосферата можете да погледнете во продолжение.

 

Тијана беше гостинка и на црногорската забава каде што заедно со црногорскиот претставник Сергеј Четковиќ ја отпеа македонската народна песна „Градел Илија манастир“, а веднаш потоа и евровизиската „To The Sky“.

 

Погледнете го и интервјуто со целата македонска екипа.

 

Нашата претставничка Тијана заедно со придружните вокали Тамара, Диме и Пере, како и танчерот Дејан Коларов, ќе настапи под реден број 11 во втората полуфинална вечер која ќе се одржи во четврток, 8 мај. Среќно!

 



Врати се горе ↑