Настани ESC2014_TV_Graphics

24 јануари, 2014

Евросонг 2014: Македонија во втората полуфинална вечер

Копенхаген и официјално е назначен за град-домаќин на 59-тото издание на Изборот за песна на Евровизија кој во Данска се одржува по трет пат, а деновиве беше извлечен и распоредот на земјите во двете полуфинални вечери. На церемонијата Кент Андерсон, градоначалникот на Малме, му ги предаде симболичните клучеви на Франк Јенсен, градоначалник на Копенхаген. Потоа беа извлечени земјите кои ќе настапуваат во првата и втората полуфинална вечер.

По продолжениот рок од десетина дена, Словенија конечно донесе одлука да учествува на овогодишното издание на Евровизија, на кое ќе се натпреваруваат вкупно 37 земји. Меѓу земјите кои го откажаа своето учество за годинава се Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Бугарија, Словачка, Чешка, Кипар, Мароко, Монако и Турција, додека по пауза од една година повторно се враќа Португалија, како и Полска, која последен пат свој претставник испрати во 2011 година. Првата полуфинална вечер ќе има 16 учесници, а втората 15.

Евросонг 2014 годинава ќе се одржи на шести, осми и 10-ти мај.

Прва полуфинална вечер:

Прва половина

  • Шведска
  • Албанија
  • Исланд
  • Русија
  • Латвија
  • Азербејџан
  • Ерменија
  • Естонија

Втора половина

  • Белгија
  • Унгарија
  • Молдавија
  • Црна Гора
  • Сан Марино
  • Португалија
  • Украина
  • Холандија

Втора полуфинална вечер

Прва половина

  • Норвешка
  • Израел
  • Грузија
  • Австрија
  • Литванија
  • Полска
  • Малта

Втора половина

  • МАКЕДОНИЈА
  • Финска
  • Ирска
  • Романија
  • Словенија
  • Белорусија
  • Грција
  • Швајцарија

Земјите од „големата 5-ка“ и домаќинот Данска исто така ќе настапат во полуфиналните вечери и тоа Шпанија, Франција и Данска во првата полуфинална вечер, а Германија, Италија и Велика Британија во втората вечер. Конечниот редослед на настапи ќе биде одреден подоцна годинава.

Извор и фотографија: eurovision.tv



Врати се горе ↑