Македонија 10153164_730196753697154_7748908399361286756_n

4 јули, 2014

Евгенија Чанчалова со второ место на „Сунчане скале 2014“

На јубилејното 20-то издание на фестивалот „Сунчане скале“ кое се одржа деновиве во Херцег Нови, Црна Гора, триумфираа токму македонски изведувачи. Имено, од 25 композиции во натпреварувачкиот дел, првото место со добро познатата балада „Ако ме боли“ го освои нашиот Димитар Андоновски, а на 8 место се пласираше авторската композиција „Глумила је анџела“ на Александар Тарабунов. Но, голем успех постигна и талентираната кумановка Евгенија Чанчалова чија балада „Дај ми да сонам“ ѝ донесе „Сребрена сирена“ и второ место. Композицијата ја потпишуваат Григор Копров (музика), Борче Димитров (текст) и Владимир Дојчиновски (аранжман), а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 

Чанчалова, која е ново име на македонската музичка сцена, е позната по учеството во потрагата по таленти на М2, како и по победата во „Сите наши песни“ на МРТ. Покрај познатиот црногорски фестивал, таа неодамна учествуваше и на белградскиот фестивал „Пролет во Белград“, каде што настапи со темата „Била сам јака“ потпишана од Копров (музика), Јелена Гулинац (текст) и Слободан Марковиќ (аранжман), а соработуваше и со Даз Флоу за песната „Разделба“.

И.Ј. 



Врати се горе ↑