21 февруари, 2016

„Еве ме пак“ е новата песна на Александра Јанева

„Еве ме пак“ е насловот на новата песна на талентираната струмичанка Александра Јанева, која македонската публика најдобро ја знае по победата на „Макфест во 2013 година, но и како дел од групата „Аларм“, со која го отпеа хитот „Не ме допирај“. Пејачката, која зад себе има повеќе настапи на македонските фестивали, овој пат му се довери на познатиот кант-автор Ѓорѓи Крстевски, кој се потпишува како комплетен автор на новата песна.

Има вкус за музика, свој став и знае што сака. Еден од најдобрите вокали во Македонија, со префинет начин на интерпретација, млада е, надежна, но доволно мудра да знае дека треба да ме слуша“, вели Крстевски за Јанева, додавајќи дека овие три работи во едно, во денешно време се реткост. „Таков вокал заслужува ваква песна, ваква песна си заслужува соодветен спот, млад човек со вкус за музика, кој знае што сака, заслужува поддршка, па ете ме мене (човек што повеќе сака да е зад отколку пред камера) во нејзиниот прв спот. И ако продолжи да биде мудра и во иднина, очекувајте од неа уште многу убави песни и видео записи“, заклучи музичарот, кој се погрижи и за самата екранизација на песната.

„Еве ме пак“ својата премиера ја доживеа во рамките на емисијата „Стисни плеј“ на МРТ, а како звучи и изгледа сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!

 



Врати се горе ↑