Свет gty_little_psy_mi_121122_wg

26 декември, 2012

Еве кој ќе го наследи Псај

Hwang Min-Woo е малото седумгодишно момче кое го препознаваме од спотот за мегахитот „Гангнам Стајл“, а е познат и како Малиот Псај. Hwang стана познат уште во 2010 година кога неговиот талент го забележаа медиумите во Јужна Кореја, додека учестуваше во тв серијата Star King, а потоа се натпреваруваше и во талент шоуто „Кореја има талент“, каде што ги воодушеви сите со неговите танцувачки способности.

Токму на ова шоу беше забележан и од популарниот рапер Псај, кој го покани да се појави во неговиот видео запис за „Гангнам Стајл“, па неговата светска популарност најмногу се должи на тоа. Гостувал во емисии на најголемите телевизиски мрежи во САД, како што се CNN и ABC News, а има снимено и реклами за компании како што се LG. Неговата популарност постојано расте, па често добива покани за учества на концерти низ целиот свет. Може да се каже дека во моментот е една од најпопуларните корејски поп ѕвезди.

Во едно интервју дадено за Ројтерс, Hwang открил дека сака да стане глобална ѕвезда која е пославна дури од самиот Псај. Покрај танцувачките способности, малиот Псај има талент и за пеење. Во продолжение погледнете неколку од неговите настапи, имитацијата на Мајкл Џексон и секако танцот на „Гангнам Стајл“.

 



Врати се горе ↑