Македонија winners-1000x591

3 мај, 2015

Еве кој ќе го бодри Даниел Кајмакоски во Виена

На конкурсот „Заврши ја приказната“, со кој Даниел Кајмакоски ги покани своите фанови да му дадат крај на евровизиската „Autumn Leaves“, пристигнаа бројни „сценарија“ од скоро цела Европа, а сега конечно се познати и имињата на победниците коишто ќе го бодрат и ќе се дружат со нашиот евровизиски претставник во Виена.

„Пред сè, сакам да им се заблагодарам на сите кои учествуваа во овој повик и се вложија. Беше многу тешко да се одбере кога пред себе гледаш толку добри идеи. Крајот на мојата приказна е следен: Секој крај е нов почеток! Секој крај води до нешто ново. Тоа се случи во мојот живот – кога најмалку очекував добив нов почеток со неизмерна поддршка и љубов од луѓето! Љубовта гради мостови!“, порача Кајмакоски објавувајќи ги имињата на победниците, а тоа се:

Неира Мушиќ (Босна)

М. Кан Текин  (Шведска)

Ване Сучкоски (Македонија)

Секој од тројцата победници ќе добие две карти за првата полуфинална вечер, којашто ќе се одржи на 19 мај во Виена, Австрија. Наградата вклучува сместување и патни трошоци за периодот 19-21 мај, 2015. Патувањето ќе биде поддржано од агенцијата „New Ways of Travel“. Победниците ќе се дружат со Даниел на 20 мај, по првата полуфинална вечер.

Сите новости поврзани со Даниел и Евровизија можете да ги следите преку официјалната веб страна за наменета само за евровизиски вести: eurovision.danielkajmakoski.mk



Врати се горе ↑