25 декември, 2017

Еве кои се главните ѕвезди на „Скопје колинг“ и „Охрид колинг“ 2018

„Авалон продукција“ продолжува да работи со полна пареа, особено во пресрет на нивниот 25. роденден, кој ќе го слави идната година, па веќе се најавени и главните ѕвезди на фестивалите „Скопје колинг“ и „Охрид колинг“.

„Драги пријатели, ’Авалон продукциј’а живее и дише само од овие две причини: првата е да Ве направи среќни и втората – за Вас да го направи невозможното возможно. Како што насловот зборува сè, водечките тандеми на електронската музичка сцена (не само последниве неколку години, туку и денес), Аксвел и Ингросо (Axwell & Ingrosso) и Димитри Вегас и Лајк Мајк (Dimitri Vegas & Like Mike), доаѓаат за првпат не само во Македонија, туку и во регионот, идното лето во 2018 година, и тоа:

Аксвел и Ингросо како хедлајнери на ’Скопје колинг 2018’, на 24 јуни 2018 година.
Димитри Вегас и Лајк Мајк како хедлајнери на ’Охрид колинг 2018’, на 1 август 2018 година.

Со вакви супер атрактивни имиња, апсолутно најголеми хитмејкери (A&I: More Than You Know, Don`t you worry child, DVLM: Tremor, Arcade…) и хедлајнери на најголемите светски фестивали ’Тумороуленд’ и ’Ултра’, Македонија прераснува во водечка регионална дестинација на eвропските љубители на електронската музичка сцена и сигурни сме дека на двата фестивала ќе присуствуваат барем 5.000 посетители од цела Европа. 

Двата настана ќе бидат проследени со неверојатни звучни и визуелни ефекти, на ниво на најголемите светски фестивали на електронска музика“, пишува во соопштението на „Авалон“.

 

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од вторник (26.12) од 09.00 часот наутро, преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“ низ цела Македонија, „Југотон“ и онлајн на веб страницата на ККЗС, по цени од:

Аксвел и Ингросо
1.000 денари ПАРТЕР 2
1.500 денари ПАРТЕР 1
2.000 денари ФАН ПИТ (само 1.000 влезници)

Димитри Вегас и Лајк Мајк
1.000 денари ПАРТЕР 2
1.500 денари ПАРТЕР 1
2.000 денари ФАН ПИТ (само 1.000 влезници)



Врати се горе ↑