Македонија 13754692_10153995683387479_4115824793972788696_n

10 јануари, 2017

Еве кои музичари ќе добијат бесплатни песни и видеа од Даниел Јовески

Пред самиот крај на 2016 година, познатиот продуцент и режисер Даниел Јовески одлучи да го прослави јубилејот од 5 години работа на регионалната сцена со интересен натпревар. Имено, тој номинираше педесет од своите колеги од македонската музичка сцена, а публиката имаше задача да одбере пет што ќе добијат бесплатен пакет со песна и видео запис.

„По повод пет години од мојата успешна работа, наградена на балканско ниво, одлучив да ја освежиме македонската естрада, на тој начин што ќе направивме онлајн гласање, на кое вие одлучувавте и изгласавте 5 македонски пејачи/групи: Перо Пандилоски, Антонио Тасески, Само Тони и две жени, Филип Божиновски и Нена Мицева, кои ќе добијат подарок по еден видео спот и песна/аудио запис. Исто одлучив и другата петка под нив да ги исконтактирам Александра Јанева, Даниел Кајмакоски, ’Бекдор бенд’, Боби Мојсовски и Влатко Лозаноски и да им предложам еден проект за кој ако се согласат, би било многу убаво за македонската музика“, вели Даниел и им посакува среќни новогодишни и божиќни празници на сите и порачува „да ја негуваме македонската музика“.

Благодарение на овој одличен проект, не пет, туку 10 нови песни ќе ја збогатат македонската музичка ризница, а ние со нетрпение ги очекуваме првите резултати од овие соработки што ветуваат.

danielglasanje

Извор и фотографија: ОхридПрес



Врати се горе ↑