Видео

11 април, 2018

Еве како звучи евровизискиот фаворит за победа во живо

Евровизиската атмосфера продолжува да се загрева, а деновиве во центарот на вниманието беше третото издание на фестивалот „Израел колинг“, кој веќе традиционално се организира во Тел Авив и каде што настапија и нашите претставници „Ај кју“. Секако дека дополнителна возбуда предизвика и фактот што токму израелската песна е фаворит за победа годинава, па присутните на плоштадот Рабин со нетрпение го очекуваа настапот на Нета Барзилаи.

25-годишната пејачка, која е особено впечатлива заради употребата на „луперот“, во Лисабон ќе се претстави со темата „Toy“. Како што вели таа, песната е посветена не само на жените, туку и на сите оние кои не сакаат да бидат нечија „играчка“, а сето тоа спакувано со модерен аранжман со примеси од традиционалната израелска музика веднаш ја освои евровизиската публика, која заедно со обложувалниците веќе прогнозира прво место на „Евровизија 2018“.

Исто како и нашите „Ај кју“, Нета ќе се натпреварува во првата полуфинална вечер на 8 мај, а како звучи нејзината „Играчка“ во живо дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑