9 септември, 2017

Еве како ќе изгледа новото видео на Лоба

Летниот хит на Викторија Лоба, „Дојди“ наскоро ќе добие своја екранизација, а промоцијата е закажана за 14 септември, четврток, во „Паблик рум“ во Скопје. Најавувајќи го настанот, кој ќе започне во 14 часот, пејачката сподели и кус извадок од новото видео, а како ќе изгледа оваа луда забава можете да погледнете горе.

лоба

„Дојди“ е уште една во низата соработки со хитмејкерот Роберт Билбилов, кој се потпишува на музиката, аранжманот и продукцијата, а стиховите се дело на самата Лоба.



Врати се горе ↑