Галерија

28 март, 2019

Еве како ќе изгледа евровизиската разгледница на Тамара

Како што веќе Ви пренесовме, нашата евровизиска претставничка Тамара Тодевска деновиве претстојува во Израел, каде што ја снима разгледницата која ќе биде прикажана пред самиот настап на фестивалот во мај. Таа сподели неколку фотографии и видео од снимањето што се одвиваше во Националниот парк „Кармел“ во северозападниот дел на Израел, во близина на градот Хаифа.

„Прекрасно си поминав снимајќи ја мојата евровизиска разгледница. Огромно благодарам за целиот тим што направи да се чувствувам толку добредојдено. Горда сум што сум дел од ова неверојатно патешествие“, напиша пејачката, а неколкуте фотографии и видеото од денешното снимање можете да ги видите во продолжение.

Крајниот резултат од денешното снимање ќе го видиме во мај, токму пред нејзиниот настап во втората полуфинална вечер на 16 мај, а се надеваме и во големото финале на 18 мај.

Само за потсетување, таа во Тел Авив ќе ги брани боите на нашата земја со темата „Proud“, авторско дело на композиторите Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски и на текстописците Коста Петров и Сања Поповска, а како придружни вокали ќе настапат Антонија Гиговска, Александра Јанева и Васил Гарванлиев. Среќно!



Врати се горе ↑