Daniel kao Karolina Gočeva, ep. 05. sez. 03.

Posted by Tvoje Lice Zvuci Poznato on недела, 3 април 2016

4 април, 2016

Еве како Даниел ја имитираше Каролина

Во вчерашната епизода од емисијата „Твоето лице звучи познато“, Даниел Кајмакоски повторно доби улога да имитира жена, а овој пат тоа беше нашата дива Каролина Гочева. Интересно е тоа што Кајмакоски ја отпеа токму „Не се враќаш“, песна чиј автор на музиката е самиот тој. Жирито и овој пат имаше само пофални зборови за него, додавајќи дека е штета што самиот не го снимил овој хит, а особено им се допадна што ја отпеа оригиналната верзија на македонски јазик.

„Компонирањето е нешто со што би сакал да се бавам во иднина и не ми е жал што не ја отпеав. Во оваа песна се инспирирав од својот живот“, рече Кајмакоски, кој во следната епизода ќе го видиме во рок варијанта, како фронтменот на германската група „Рамштајн“.

Како изгледаше Даниел во улога на Каролина можете да погледнете горе. Уживајте!

 



Врати се горе ↑