Видео

13 август, 2018

Еве ја македонската верзија на летниот дует на Татјана и Марија (Ај кју)

Летниот хит, а воедно и првенче на младата пејачка Татјана, „On My Mind“ си доби и верзија на македонски јазик, која го носи насловот „Зошто“. Песната отпеана во дует со вокалистката на популарната група „Ај кју“, Марија Ивановска, е вистинско летно освежување во овие топли денови, а сето тоа прекрасно е дополнето и со видеото снимено во Охрид.

„Зошто пак комплицирам? Зошто немам сила да кажам не? Гледам дека ти си мојата следна причина за ново каење“, пеат талентираните девојки во заедничкиот сингл, а како звучи сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!

Нова! македонска верзија! 🇲🇰️New! Version in Macedonian! 🇲🇰

Gepostet von Tatjana_Official am Sonntag, 12. August 2018



Врати се горе ↑