Видео

3 ноември, 2018

Еве го „Тајното место“ на Тоше Проески

Во арената „Борис Трајковски“ вчера се одржа долгоочекуваниот концерт во чест на легендарниот Тоше Проески, во чии рамки беше промовиран и неговиот нов постхумен албум „Secret Place“, со седум досега необјавени песни што беа снимени во студиото на англискиот продуцент Енди Рајт. Голем број од неговите колеги од Македонија и од целиот Балкан пееја во негова чест, а публиката која ги следеше во еден глас, му направи уште едно огромно ѕвездено небо…

Фотографија на Tose Proeski.

Каролина Гочева, Тијана Дапчевиќ, Тамара Тодевска, Даниел Кајмакоски, Бојан Маровиќ, Борис Новковиќ, „Фрајлите“ и неговиот внук Кристијан Ристески беа само дел од изведувачите што настапија на вчерашниот концерт, во придружба на бендот на Тоше, кој свиреше со него на бројни концерти и турнеи во неговата кариера.

Sta da kazem , opet vam se poklanjam do poda, Mekedinija je opet pokazala ljubav 😘❤️💪🏻

Gepostet von Bojan Marovic am Freitag, 2. November 2018

 

На самиот крај беше прикажано и емотивното видео за насловната тема од албумот, кое се снимаше во родното Крушево. Приказната по сценарио и во режија на Илија Жоговски, ја донесоа младите актери Марија Јанчевска и Кирил Пупиновски, а сето тоа го продуцираше Александар Пауновски.

„Бидете силни во секој поглед, најголема е борбата со самиот себе!“, порачува Тоше на самиот почеток од оваа емотивна приказна, а како изгледа и звучи неговото „Тајно место“ дознајте во продолжение. Уживајте!

 

Фотографии: Фан-страница на Тоше Проески на Фејсбук



Врати се горе ↑