Македонија 11350557_10152776308777382_1318828695850055126_n

5 јуни, 2015

Еве го редоследот на настапи за финалето на „Макфест 2015“

Вечерва ќе се одржи големото финале на јубилејното 30. издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“, во чии рамки ќе се натпреваруваат 18 од вкупно 30-те изведувачи коишто ги слушнавме на полуфиналните вечери во изминативе два дена.

Маја Вукичевиќ, Евгенија Чанчалова, Виктор Апостоловски, Дарко Илиевски, Ѓоко Танески, Верица Пандиловска, Бојана Атанасовска, Наде Талевска, Горан Наумовски, Ивона и „Рафинерија“ се само дел од финалистите коишто ќе се борат за вредните награди годинава и тоа 10.000 евра за прво место, 7.500 евра за второ и 5.000 евра за трето место, како и по 1.000 евра за најдобар дебитант, сценски настап и аранжман.

Кој ќе ја понесе титулата победник на „Макфест 2015“ ќе дознаеме вечерва, а одлуката е во рацете на жири комисијата, чии гласови ќе изнесуваат 70% и публиката, чии СМС пораки ќе ги комплетираат останатите 30% од вкупните поени. Честа да ја отворат вечерта ќе ја имаат Панче Илиев и Илија Кикиритков со композицијата „Којшто ме чуе да пеам“, а последна ќе настапи Александра Кукушева со темата „Ова е крај“. Редоследот на настапи е следниот:

Преносот во живо ќе можете да го проследите на првата програма на МРТВ, со почеток од 20.30 часот, а за време на гласањето Вашите фаворити ќе можете да ги поддржите со праќање на СМС порака со нивниот реден број на 141 730 од сите мобилни оператори во Р. Македонија.

И.Ј. / фотографија: Макфест.мк



Врати се горе ↑