Македонија

22 февруари, 2019

Еве ги наградените на „Златна бубамара на популарноста 2019“

Во преполната сала на арената „Борис Трајковски“ вчера се одржа 22. издание на популарната манифестација „Златна бубамара на популарноста“, која и овој пат во публиката ги собра естрадните лица, политичарите, актерите, пејачите, новинарите… И на сцената имаше естрадни уметници, музичари, актери и пејачи во најголемото шоу што ги сумира, низ смеа, сатира и музика, врвните достигнувања на минатата 2018 година.

Маестрото на доброто расположение и ветеранот на стенд-ап настапите Сашко Коцев, синот на светото водителско тројство, ја зазеде сцената на Златната бубамара и – не замина од неа до крајот на манифестацијата. Во френетична атмосфера, со многу смеа, Сашко си поигра со некои од најактуелните теми на нашето секојдневие.

4-часовното шоу беше исполнето со спектакуларни настапи на бројни изведувачи од Македонија и регионот, а сите што не успеаја да си набават влезница за вчерашниот настан, 22. издание на „Златна бубамара на популарноста“ ќе се емитува в недела, 24 февруари, на „Канал 5“ со почеток од 20.00 часот. Комплетниот список со наградени ве очекува во продолжение, а галеријата со фотографии погледнете ја на Фејсбук.

Награда за детска престава 2018 – Земја во која не се стигнува (Театар за деца и младинци)

Награда за животно дело 2018 – Григор Копров

Музичко откритие на годината 2018 – Дупер

Најпопуларна детска ТВ серија на годината 2018 – 5+ Фамилија

Балетска претстава на годината 2018 – Ана Каренина (МОБ)

Интернационален успех на годината 2018 – Џијан Емин

Маестро на годината 2018 – Дино Имери

Награда за трајни музички вредности – Мики Јовановски Џафер

Спортски подвиг на годината – Марко Пејчиноски

Најпопуларен фото-модел – Вера Мештеровиќ

Спортист легенда – Перо Антиќ

Најпопуларен балкански хит – Петар Грашо, „Ако те питају“

Концерт на годината 2018 – Влатко Стефановски во Антички театар Охрид

Албум на годината 2018 – Влатко Стефановски, „Мајчин јазик“

Театарска претстава на годината 2018 – Еден месец на село, МНТ

Актерка на годината 2018 – Ирена Ристиќ

ТВ забавна сатирична емисија 2018 – Фчерашни новости

Најпопуларен плех-оркестар 2018 – Џамбо Агушев

Најпопуларен ТВ Проект 2018 – Преспав, ОХО

ТВ Актер на годината 2018 – Горан Стојановски

Млад ТВ актер – Дритон Вејсели

Награда за животно дело – Милован Лане Гутовиќ

Награда за трајни музички вредности – Бора Ѓорѓевиќ

Најпопуларен хор на годината 2018 – Академски хор „Мирче Ацев“

Продуцент на годината 2018 – Лазар Цветкоски

Пејач на годината 2018 – Влатко Лозаноски

Хит на годината 2018 – Влатко Лозаноски, „Јако јако“

Група на годината 2018 – Нокаут



Врати се горе ↑