Свет

7 јануари, 2019

Еве ги наградените на „Златен глобус 2019“

Во хотелот „Беверли Хилтон“ во Беверли Хилс синоќа се одржа 76. доделување на наградите Златен глобус, во чии рамки беа наградени најдобрите филмски и телевизиски остварувања според Здружението на странски холивудски новинари (Hollywood Foreign Press Association). Водители на манифестацијата годинава беа американскиот комичар и актер Енди Семберг и канадската актерка Сандра Оу, која освен што влезе во историјата како првата водителка со азиско потекло, се закити и со својот втор златен глобус за улогата во серијата „Убивајќи ја Ева“.

Иако предводеше според бројот на номинации, натпреварувајќи се во 6 категории, биографскиот филм за некогашниот американски заменик-престседател Дик Чејни, „Заменик“ (Vice) освои само една награда, која за главната улога ја доби Кристијан Бејл. Со најмногу статуетки на ова доделување се закити „Зелената книга“ (Green Book), триумфирајќи во три категории, меѓу кои за најдобар мјузикл/комедија, најдобар актер во споредна улога за оскаровецот Махершала Али и за најдобро сценарио.

 

Победувајќи во двете категории во кои беше номиниран, како победник на вечерта може да се издвои и официјално биографскиот филм со најголема заработувачка досега – „Боемската рапсодија“ – кој триумфираше во главната категорија за најдобра драма, како и во категоријата за најдобар актер во драма за Рами Малек, кој одлично го одигра легендарниот Фреди Меркјури.

Две награди освои и „Рома“, најновото остварување на мексиканскиот режисер Алфонсо Куарон, кој ги понесе наградите за најдобра режија и за најдобар странски филм, а новата адаптација на култниот филм „Ѕвездата е родена“ победи само во категоријата за најдобра оригинална песна со хитот „Shallow“ во изведба на ѕвездите на филмот – Лејди Гага и Бредли Купер, а потпишана од Гага, Марк Ронсон, Ентони Росомандо и Ендру Вајат.

Од телевизиските категории, по две награди освоија сериите „Американска крими-приказна: Убиството на Џани Версаче“ и „Методот на Комински“.

Image result for carol burnett golden globes 2019Керол Барнет е прва добитничка на наградата за животно дело во областа на телевизијата, која го носи нејзиното име

Како што пред 66 години беше востановена наградата за животно дело во областа на филмската индустрија, соодветно наречена по првиот добитник Сесил Б. Демил, која годинава ја доби легендарниот актер Џеф Бриџис, сега за првпат беше воведена и наградата за животно дело во областа на телевизијата. Нејзиното име ќе го носи првата добитничка на ова признание – американската актерка, комичарка и водителка Керол Барнет (Carol Burnett). 85-годишната легенда ја доби оваа чест благодарение на богатата седумдецениска кариера, а особено за нејзината мошне популарна емисија „Шоуто на Керол Барнет“, која беше дел од телевизискиот етер 11 години (1967-1978).

Како и секогаш, златните глобуси се сметаат за своевиден вовед во она што ќе се случува на Оскарите, чии номинации се очекуваат на 22 јануари, додека самото доделување е закажано за 24 февруари. Победниците во сите категории на годинашното, 76. по ред доделување на златните глобуси ве очекуваат во продолжение.

ФИЛМСКИ КАТЕГОРИИ

Најдобар филм – драма
„Црниот пантер“ (Black Panther)
„Црн член на Кју Клукс Клан“ (BlacKkKlansman)
„Боемска рапсодија“ (Bohemian Rhapsody) – ПОБЕДНИК
„Ако улицата ’Бил’ можеше да зборува“ (If Beale Street Could Talk)
„Ѕвездата е родена“ (A Star Is Born)

Најдобра актерка во драма
Глен Клоуз, „Сопругата“ (The Wife) – ПОБЕДНИЧКА

Лејди Гага, „Ѕвездата е родена“
Никол Кидман, „Уништувач“ (Destroyer)
Мелиса Мекарти, „Ќе ми простиш ли некогаш?“ (Can You Ever Forgive Me?)
Розамунд Пајк, „Приватна војна“ (A Private War)

Најдобар актер во драма
Бредли Купер, „Ѕвездата е родена“
Вилем Дафо, „На портите на вечноста“ (At Eternity’s Gate)
Лукас Хеџис, „Избришана личност“ (Boy Erased)
Рами Малек, „Боемска рапсодија“ – ПОБЕДНИК
Џон Дејвид Вашингтон, „Црн член на Кју Клукс Клан“ 

Најдобар филм – мјузикл или комедија
„Луди богати Азијци“ (Crazy Rich Asians)
„Фаворитот“ (The Favourite)
„Зелената книга“ (Green Book) – ПОБЕДНИК
„Мери Попинс се враќа“ (Mary Poppins Returns)
„Заменик“ (Vice)

Најдобра актерка во мјузикл или комедија
Емили Блант, „Мери Попинс се враќа“
Оливија Колман, „Фаворитот“ – ПОБЕДНИЧКА
Елси Фишер, „Осмо одделение“ (Eighth Grade)
Шарлиз Терон, „Тали“ (Tully)
Констанс Ву, „Луди богати Азијци“

Најдобар актер во мјузикл или комедија
Кристијан Бејл, „Заменик“ – ПОБЕДНИК

Лин-Мануел Миранда, „Мери Попинс се враќа“
Виго Мортенсен, „Зелената книга“
Роберт Редфорд, „Старецот и пиштолот“ (The Old Man & the Gun)
Џон К. Рајли, „Стен и Оли“ (Stan & Ollie)

Најдобра актерка во споредна улога во каков било филм
Ејми Адамс, „Заменик“ 
Клер Фој, „Првиот човек“ (First Man)
Реџина Кинг, „Ако улицата ’Бил’ можеше да зборува“ – ПОБЕДНИЧКА

Ема Стоун, „Фаворитот“
Рејчел Вајс, „Фаворитот“

Најдобар актер во споредна улога во каков било филм
Махершала Али, „Зелената книга“ – ПОБЕДНИК

Тимоти Шаламе, „Убаво момче“ (Beautiful Boy)
Адам Драјвер, „Црн член на Кју Клукс Клан“
Ричард И. Грант, „Ќе ми простиш ли некогаш?“
Сем Роквел, „Заменик“

Најдобар анимиран филм
„Неверојатните 2“ (Incredibles 2)
„Остров на кучињата“ (Isle of Dogs)
„Мираи“ (Mirai)
„Ралф го крши интернетот“ (Ralph Breaks the Internet)
„Спајдермен: Во Спајдер-верзумот“ (Spider-Man: Into the Spider-Verse) – ПОБЕДНИК

Најдобар странски филм
„Капернаум“ (Capernaum)
„Девојка“ (Girl)
„Работа без автор“ (Never Look Away)
„Рома“ (Roma) – ПОБЕДНИК
„Крадци“ (Shoplifters)

Најдобар режисер
Бредли Купер, „Ѕвездата е родена“
Алфонсо Куарон, „Рома“ – ПОБЕДНИК
Питер Фарели, „Зелената книга“
Спајк Ли, „Црн член на Кју Клукс Клан)
Адам Мекеј, „Заменик“

Најдобро сценарио
Алфонсо Куарон, „Рома“
Дебора Дејвис и Тони МекНамара, „Фаворитот
Бери Џенкинс, „Ако улицата ’Бил’ можеше да зборува“
Адам Мекеј, „Заменик“
Питер Фарели, Ник Валелонга и Брајан Кири, „Зелената книга“ – ПОБЕДНИЦИ

Најдобра оригинална музика
Марко Белтрами, „Тивко место“ (A Quiet Place)
Александар Деспла, „Остров на кучињата“
Лудвиг Горансон, „Црниот пантер“
Џастин Хрвиц, „Првиот човек“ – ПОБЕДНИК
Марк Шајман, „Мери Попинс се враќа“

Најдобра оригинална песна
„All the Stars“ (Црниот пантер)
„Girl in the Movies“ (Дамплин/Dumplin’)
„Requiem For a Private War“ (Приватна војна)
„Revelation“ (Избришана личност)
„Shallow“ (Ѕвездата е родена) – ПОБЕДНИК

ТЕЛЕВИЗИСКИ КАТЕГОРИИ:

Најдобра ТВ серија – драма
„Американците“ (The Americans) – ПОБЕДНИК

„Телохранител“ (Bodyguard)
„Враќање дома“ (Homecoming)
„Убивајќи ја Ева“ (Killing Eve)
„Поза“ (Pose)

Најдобра актерка во ТВ серија – драма
Катрина Балф, „Друговремец“ (Outlander)
Елизабет Мос, „Приказна за слугинката“ (The Handmaid’s Tale)
Сандра Оу, „Убивајќи ја Ева“ – ПОБЕДНИЧКА
Џулија Робертс, „Враќање дома“ 
Кери Расел, „Американците“

Најдобар актер во ТВ серија – драма
Џејсон Бејтмен, „Озарк“ (Ozark)
Стефан Џејмс, „Враќање дома“
Ричард Меден, „Телохранител“ – ПОБЕДНИК
Били Портер, „Поза“
Метју Рис, „Американците“

Најдобра ТВ серија – мјузикл или комедија
„Бери“ (Barry, HBO)
„Добро место“ (The Good Place, NBC)
„Шегување“ (Kidding, Showtime)
„Методот на Комински“ (The Kominsky Method, Netflix) – ПОБЕДНИК
„Чудесната г-ѓа Мејзел“ (The Marvelous Mrs. Maisel, Amazon)

Најдобра актерка во ТВ серија – мјузикл или комедија
Кристен Бел, „Добро место“
Кендис Берген, „Марфи Браун“
Алисон Бри, „Блесок“ (Glow)
Рејчел Броснахан, „Чудесната г-ѓа Мејзел“  – ПОБЕДНИЧКА
Дебра Месинг, Вил и Грејс

Најдобар актер во ТВ серија – мјузикл или комедија
Саша Барон Коен, „Кој е Америка?“ (Who Is America?)
Џим Кери, „Шегување“
Мајкл Даглас, „Методот на Комински“ – ПОБЕДНИК
Доналд Гловер, „Атланта“
Бил Хејдер, „Бери“

Најдобра мини-серија или телевизиски филм
„Оттуѓен“ (The Alienist, TNT)
„Убиството на Џани Версаче: Американска крими-приказна“ (The Assassination of Gianni Versace: American Crime Story, FX) – ПОБЕДНИК
„Бегство во Данемора“ (Escape at Dannemora, Showtime)
„Остри предмети“ (Sharp Objects, HBO)
„Многу англиски скандал“ (A Very English Scandal, Amazon)

Најдобра актерка во мини-серија или телевизиски филм
Ејми Адамс, „Остри предмети“
Патриша Аркет, „Бегство во Данемора“ – ПОБЕДНИЧКА
Кони Бритон, „Валканиот Џон“ (Dirty John)
Лора Дерн, „Бајка“ (The Tale)
Реџина Кинг, „Седум секунди“ (Seven Seconds)

Најдобар актер во мини-серија или телевизиски филм
Антонио Бандерас, „Гениј: Пикасо“ (Genius: Picasso)
Даниел Брал, „Оттуѓен“
Дарен Крис, „Убиството на Џани Версаче: Американска крими-приказна“ – ПОБЕДНИК
Бенедикт Камбербач, „Патрик Мелроуз“ (Patrick Melrose)
Хју Грант, „Многу англиски скандал“ 

Најдобра актерка во споредна улога во мини-серија или телевизиски филм
Алекс Борстин, „Чудесната г-ѓа Мејзел“ 
Патриша Кларксон, „Остри предмети“ – ПОБЕДНИЧКА
Пенелопи Круз, „Убиството на Џани Версаче: Американска крими-приказна“ 
Танди Њутон, „Западен свет“ (Westworld)
Ивон Страховски, „Приказна за слугинката“

Најдобар актер во споредна улога во мини-серија или телевизиски филм
Алан Аркин, „Методот на Комински“
Киран Калкин, „Наследство“ (Succession)
Едгар Рамирез, „Убиството на Џани Версаче: Американска крими-приказна)
Бен Вишо, „Многу англиски скандал“ – ПОБЕДНИК 
Хенри Винклер, „Бери“



Врати се горе ↑