Балкан

25 декември, 2017

Еуген Бушпепа е албанскиот претставник за „Евровизија 2018“

Познатиот албански рокер, Еуген Бушпепа (Eugent Bushpepa), со песната „Mall“ (Копнеж/Носталгија) ќе ја претставува Албанија на „Евровизија 2018“. Тој е апсолутен победник на фестивалот што го организира албанската државна телевизија „Фест ‘56“ што заврши синоќа на полноќ во Конгресната палата во Тирана. Комплетен автор на песната е самиот Бушпепа, кој е еден од најпознатите рокери во земјата во последната деценија.

„И благодарам на Албанската државна телевизија и на жирито. Ќе дадам максимум достојно да ја претставам Албанија на Евросонг, што ќе се одржи на 18 мај 2018 година во Лисабон, Португалија. Се надевам дека со песната за кусо ќе го ублажите копнежот што го имате кон некого“, изјави по победата Бушпепа, а неговиот настап на фестивалот, како и официјалното видео за песната ве очекуваат во продолжение. Уживајте!

Извор: Алсат-М / Фотографија: Фејсбук



Врати се горе ↑