Настани 121018loreen

4 февруари, 2014

Еуфорија! Лорин вечерва гостинка во X Factor

По регионалните музички ѕвезди кои гостуваа во изминатите четири финални вечери на X Factor, вечерашната гостинка на петтата полуфинална вечер доаѓа од Шведска. Станува збор за интернационалната ѕвезда и победничка на Изборот за песна на Евровизија во 2012 година – Лорин. Познатата пејачка синоќа пристигна во Белград заедно со својот тим, но за жал нема долго да остане таму поради бројните обврски. Сè уште не е познато дали ќе настапи победничката „Euphoria“ или минатогодишниот сингл „We Got The Power“, но сигурно е дека ќе владее еуфорија!

 

 

За да го продолжат натпреварот вечерва ќе се борат 10 кандидати, односно осум солисти  и две групи. Првите три натпреварувачи за вечерва доаѓаат од БиХ, а тоа се Маид, Харис и Илма, по нив ќе настапат Докторите, Александра Брковиќ и Алекса Перовиќ, седми по ред е нашиот Даниел, по кој следат Лукијан, Тамара и групата 4U. Емисијата ќе започне во 21 часот и ќе биде директно пренесувана на ТВ Сител.



Врати се горе ↑