27 декември, 2016

„Етносфера“ и Џамбо Агушев го разиграа Широк сокак

Новото музичко патување наречено „Етносфера“, чија прва станица беше темата „Копнеж“, го претстави својот нов сингл и видео запис насловен „Етно виа Баиро“. Станува збор за соработка со македонскиот принц на трубата, Џамбо Агушев, чиј комплетен автор е лидерот на групите „Етносфера“ и „Фонтана“, Никола Мицевски, а во продукцијата му помогна Дејан Момироски, во чие студио се снимаше самата песна.

Екранизацијата на „Етно виа Баиро“, насловена по битолската населба Баир, ја изработи екипата на продукцијата „Веста“, а локацијата е најпознатата улица во Македонија, Широк сокак. Главните улоги во оваа музичка приказна се: Никола Мицевски на електрично пијано, Благојче Трајковски на кларинет, Џамбо Агушев на труба, Владимир Крстев на виолина, Тони Цветановски на гитара, Павле Јаневски на бас, Зоран Ристевски Озо на тапани и Зоран Конга Јагоридовски на конга, а во нивната музичка дружба на Широк сокак  можете да уживате горе.



Врати се горе ↑