Видео

9 јануари, 2019

Етно-музичарот Александар Арабаџиев нè почести со „Јанино оро“

Нашиот етно-музичар Александар Арабаџиев (The ethno MC) за божиќните празници нè почeсти со нов видео запис на орото „Јанино“ од неговиот прв албум „Звукот на татковината“. Видеото е снимано во на повеќе локации во радовишкото с. Брест, во продукција на „Киклоп продакшн“ од Скопје. Со многуте анимации и ефекти во современи компјутерски програми се цели да се доближи традиционалната музика и инструменти до младите генерации преку еден модерен приказ.

Александар моментно работи и студира во Виена, Австрија каде ги истражува музичките и културните идентитети на балканските заедници во Виена, но истовремено работи и на ширење на македонската традиционална музика и игра. Преку курсеви при виенската висока академија VHS, не само македонските иселеници туку и сите австриски граѓани имаат можност да се запоѕнаат со македонската традиционална музичка култура и изучуваат традиционални инструметни ора и песни.



Врати се горе ↑