10 март, 2017

Етно групата „Монистра“ со одлична преработка на „Киниса моме на вода“

Една од најпознатите македонски етно групи, „Монистра“ со голема гордост  на својата фан страница на Фејсбук соопшти дека најново од нив е излегувањето на видео спотот за песната „Киниса моме на вода“, кој воедно е и првото официјално видео на песна од оваа македонска позната група. Се работи за една прекрасна традиционална, изворна македонска песна, за која во оваа пригода, аранжманот прилагоден на звукот на групата го направил Александар Јовевски.

17155952_10158276450310514_4438078419614773408_n

Во  меѓувреме, групата „Монистра“ наголемо се подготвува за својот голем солистички концерт закажан на 9 април во Македонскиот народен театар во Скопје, на кој ќе се претстават со својот репертоар и песните од нивните досегашни албуми, а највуваат и неколку познати имиња како нивни специјални гости за концертот.

мнстр



Врати се горе ↑