Свет article_big_1369240560eminem_facebook_screenshot

23 мај, 2013

Етикетата на Еминем го обвинува Фејсбук за кршење на авторски права

Етикетата на Еминем, Eight Mile Style, започнала судска постапка против најголемата социјална мрежа Фејсбук поради наводно кршење на авторските права. Во обвинението се вели дека компанијата Фејсбук во реклама емитувана на еден настан во април ја користела музиката која звучела „многу слично“ со песната „Under The Influence“ од Еминем, иако не се ни потрудиле претходно да побараат дозвола за користење на музиката. Оваа реклама со наслов „Airplane“ била употребена за промоција на нов софтвер за мобилни уреди и на почетокот на кампањата била поставена на интернет, но набрзо потоа компанијата ја променила музиката во позадина и повторно го претставила малку изменетиот спот.

Издавачите тврдат дека рекламната агенција која била задолжена за кампањата ја користела токму оваа песна со цел да им го задоволи вкусот на основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, кој се смета за голем фан на Еминем. Меѓутоа, овде работите стануваат навистина интересни, бидејќи адвокатите на Фејсбук на ова oбвинение одговориле со контра обвинение во кое се вели дека песната објавена во 2000 година на албумот „The Marshall Mathers LP“, продуциран од Д-р Дре, „потсетува на песна од Мајкл Џексон, поради што, како што тврдат, не му подлежат на законите за кршење на авторските права.

Од издавачката куќа Eight Mile Style, како што пренесува The Independent, одоговориле на следниов начин:

„На крајот, Фејсбук се осуди на многу неприкладен начин да каже дека праксата како продуцент на Дре се состои од ’долга и добро документирана историја на кршење на авторските права’, иако ова очигледно е неточно, безобразно и на крајот ирелевантно, бидејќи како автори на песната јасно се наведени Еминем и D12, додавајќи дека ова контра обвинение продолжува со „бизарните тврдења дека Д-р Дре украл од Мајкл Џексон и дека „Under The Influence“ наводно е копија на една од неговите песни.“

Во овој процес, Eight Mile Style бара оштета од 150 000 долари.

Извор: NME.com



Врати се горе ↑