Концерт Esma

1 декември, 2012

Есма со хуманитарен коцерт за лицата со хендикеп

Македонските пејачи ќе одржат хуманитарен концерт по повод Светскиот ден на лицата со хендикеп, кој е закажан за понеделник, 3-ти декември во Универзалната сала, пренесува Вечер. На овој концерт ќе настапат Есма Реџепова, Дани, Димитар Андоновски, Мартин Мила и групата Амајлија, а влезниците за истиот ќе започне во 19 часот и влезниците ќе чинат 100 денари.

Идејата на организаторите, хуманитарното здружение Кралицата Есма и Стево Теодосиевски и Универзалната сала, е да се организира прослава за штитениците на Иднина, Златан Сремац, Димитар Влахов, Заводот за рехабилитација на деца и младинци, детскиот дом 11 Октомври, Св. Наум Охридски, Партение Зографски и Здружението на лица со телесен инвалидитет Мобилност Скопје за пригодно да го прослават денот.

„Пораката е: ние сме исти. Некогаш повеќе ќе видиш со срцето отколку со окото. Јазикот на љубовта го разбираат и оние што не слушаат, јазикот на Љубовта можат да го почувствуваат и оние што не гледаат. Мојот и твојот свет е наш свет“, велат организаторите.



Врати се горе ↑