Македонија esma-12122012-625press

19 декември, 2012

Есма Реџепова слави 55 години музичка кариера

Кралицата на ромската музика ја воодушеви публиката во концертната сала „Ватрослав Лисински“ во Загреб каде што го одржа првиот концерт од регионалната турнеја со која Есма Реџепова-Теодосиевска одбележува 55 години музичка кариера, пишува Утрински весник.

„Не случајно го одбрав Загреб за почеток на мојата турнеја, затоа што својата прва плоча ја снимив за некогашен ’Југотон’, а сега ’Кроација рекордс’. Во ’Југотон’ го снимив и синглот ’Чаје шукарије’, песната која ме следи полни 55 години, па со загрепскиот концерт сакам да му се одолжам на градот од каде што тргнав“ – изјавила Есма пред концертот.

По Загреб, Есма во 2013 година најавува концерти во Љубљана, Белград, Нови Сад, Подгорица, Сараево и се разбира, Скопје. Токму на концертот во Скопје ќе ѝ биде врачена и златна скулптура на познатата птица на „Југотон“, која „Кроација рекордс“ ја изработи во чест на нејзината 55-годишна уметничка работа.

 



Врати се горе ↑