8 мај, 2013

Есма и Лозано на првата проба во Малме (видео)

Македонската евровизиска делегација веќе пристигна во Малме, каде што деновиве се одржуваат и првите проби. Есма и Лозано ќе ги бранат боите на нашата земја со песната „Пред да се раздени/If I Could Change The World“ и ќе настапат трети по ред во втората полуфинална вечер во четврток, 16-ти мај. Како помина првата тонска проба можете да видите горе.

Повеќе информации и фотографии можете да погледнете на eurovision.tv

 



Врати се горе ↑