Македонија eurovision

30 јануари, 2013

Есма и Лозано ќе се претстават со „Опсесија“

Со одлука на  Македонската радио телевизија, официјално е избрана е евровизиската песна со која Македонија преку одличните вокали на Есма и Влатко ќе биде претставена на изборот за песна на Евровизија во Малме, Шведска.

Неофицијално, темата во моментов е со работен наслов „Опсесија“ и е во етно-поп стил, а премиерно ќе биде изведена на 27-ми февруари на МРТ. Како автори на нумерата се јавуваат Симеон Атанасов (син на Есма), кој е задолжен за музиката и Борче Нечовски, кој го напиша текстот. Песната ќе биде претставена во придружба на Биг Бендот и Народниот оркестар на МРТВ. Во рамките на специјалната емисија, покрај евровизиската нумера, Влатко и Есма ќе испеат во живо и дел од своите композиции.

„Опсесија“ ќе биде снимена и на англиски јазик, но во Шведска ќе се пее на македонски.

 



Врати се горе ↑