Македонија Lozano_7

20 февруари, 2013

Есма и Лозано ќе ја освојуваат Европа со „Империја“

Познати се авторите и официјалниот наслов на песната со која Есма Реџепова и Влатко Лозаноски ќе нè претставуваат на Евровизија 2013. Авторскиот тим составен од Симеон Атанасов, Дејан Момировски и Борче Нечовски  се потпишува на нумерата насловена „Империја“, за која деновиве ќе биде снимен и видео запис.

„Среќна сум што ќе ја претставувам Македонија со оваа песна, во која се пронајдов целосно. Таа е убава, динамична и брзо влегува в уво. Има и многу добар текст, особено ме одушевува насловот „Империја“. Со Влатко одлично се сложуваме како вокали и тоа ѝ дава посебен квалитет на песната и на нашата изведба“ –  изјави Есма за Дневник.

Атанасов е син на Реџепова и творец на голем број нејзини хитови. Песната и видео спотот, официјално ќе бидат претставени на 27-ми февруари во директниот пренос од новото грандиозно студио на Македонската Радио Телевизија во телевизиска  шоу програма со Биг Бендот и Народниот оркестар на МРТ. Македонија ќе настапи на втората полуфинална вечер, која ќе се одржи на 14-ти мај во Малме, Шведска.

 

Извори и фото: МРТВ/Дневник



Врати се горе ↑