Концерт

11 септември, 2018

Ерос Рамацоти доаѓа во Скопје!

После концертот на Стинг, на Скопје ќе му се случи уште еден неверојатно голем музички настан. Во рамките на својата светска турнеја, која почнува на 17 февруари 2019 година, каде го промовира најновиот студиски албум со наслов „Vita ce n`e’“ (којшто излегува на 23 ноември), а која ќе ги опфати сите континенти, една од најголемите светски пејачки ѕвезди, ЕРОС РАМАЦОТИ ќе одржи концерт и во Скопје во ВИП арената, на 30 септември 2019 година, соопштија од „Авалон“.

Нема потреба да се наведуваат епитети околу неговото име и кариера, доволно е само официјално да се објави дека ЕРОС ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА! Tој доаѓа во Скопје со комплетно своја продукција (звук, светло и видео) и Македонија ќе има шанса да види 100 отсто Ерос-доживување, покажано и докажано низ годиниве од негова страна како едно од највозбуливите во светската музичка индустрија.

Фотографија на Avalon Produkcija.

Концертот на Ерос Рамацоти во Македонија е најексклузивен во цела Европа, исто како што беше и концертот на Стинг, ако се земе предвид капацитетот на салата. „Авалон продукција“ освен во Скопје, го работи и концертот на Ерос Рамацоти во софиската арена „Армеец“, која е со капацитет од 16.000 посетители, а кој ќе се одржи на 3 октомври.

ВАЖНО: Влезниците за концертот на Ерос Рамацоти, ќе бидат пуштени во продажба онлајн исклучиво преку новиот систем за продажба на влезници на „Авалон продукција“, кој го има на avalon.mk, а исто така ќе има и продажна мрежа која ќе биде објавена вечерва со останатите информации.



Врати се горе ↑