Настани kataneo-sirok-sokak

23 август, 2013

Ернан Катанео ќе го обои „Широк сокак во бело“

Широк сокак по трет пат ќе се обои во бело! Ако ексклузивните настапи на Давид Моралес и Кирил Џајковски во изминатите две години ја преполнија најпознатата битолска улица, оваа година гужвата ќе добие уште поголема димензија. Сите кафе барови на Широк сокак во соработка со Горила продукција и Фреш Јунион за настанот кој ќе го затвори и обележи ова лето 2013, носат еден од 20-те најдобри диџеи во светот во моментот.

За прв пат во Битола гостува аргентинскиот лидер на електронската музиката Ернан Катанео. „Широк сокак во бело“ ќе започне во 21 часот во вторник, 27-ми август. За сетот на Ернан Катанео, публиката ќе ја загреваат домаќините Б.Маневич, Aцика, К.Петровски, Дејан Декс, Јански, Дениел и Горан Тех. Настанот ќе се одржува низ целиот Широк сокак, а во специјално бело издание, гостите ќе ги пречекуваат и „Кафе Ин“, „Игучи“, „Портал“, „Симбол“, „Конект“, „Чек Ин“, „Милениум“, „Папаз“, „Инстинкт“,,Еат & гоу –пица“. Влезот е слободен, присуството задолжително, белата боја препорачлива.

„Широк сокак во бело“„Бела ноќ во Битола“ настан кој ќе се прераскажува до следното лето!

 



Врати се горе ↑