Аудио the sound messangers

24 август, 2013

Ерик Фокс претстави нова верзија од летниот хит „Love Me“

Легендарниот диџеј и радио водител Ерик Фокс, кој е и една третина од проектот The Sound Messengers, вчера претстави уште една верзија на нивниот прв сингл, летниот хит „Love Me“. Темата која во изминатиот период секојдневно се врти на сите радио станици во Македонија и чиј текст е потпишан од Рената Кралевска, ја отпеа Симона Попоска, за продукцијата се погрижија Роберт Билбилов и Снупи, а авторот на музиката и аранжманот – Ерик Фокс ја направи и клупската верзија која можете да ја слушнете во продолжение.



Врати се горе ↑