Галерија simona erik cover

20 август, 2014

Ерик Фокс и Симона со фантастичен настап на „Струмица опен фест“

Саботната втора финална вечер на „Струмица опен фестивал“ со фантастичен настап ја завршија популарните „Саунд месинџерс“ (Тhe Sound Messengerѕ). Како последни за оваа вечер беа најавени од популарниот грчки диџеј и продуцент Дино МФУ со кој како што велат можна е заедничка соработка, бидејќи и самиот диџеј бил воодушевен од нивниот настап и одличниот вокал на атрактивната Симона.

„Воодушевени сме од  прекрасната околу 40 000 публика во Струмица којашто ги пееше најголемите хитови заедно со нас, нема зборови кои што можат да ја опишат оваа позитивна енергија, а посебно изненадување што ни го приредија нашите фанови од Струмица е тоа што дојдоа со испечатени маички со нашите имиња”, изјавија Ерик и Симона.

Во прилог погледнете фотографии од самиот настан за да се долови атмосферата од фестивалот.



Врати се горе ↑