Видео 10498592_495388017262108_6036836012957752462_o

29 јули, 2014

Ерик Фокс и Симона ја запалија публиката во Пробиштип

 The Sound Messengers го имаа еден од најдобрите настапи за ова лето и го дадоа последниот атом енергија од себе на сцената на летниот музички фестивал „Probistip Summer Festival“, а како изгледаше нивниот перформанс погледнете од самите фотографии и видеа од дел од атмосферата таму. Овации, играње, фотографирања, пеење на сите нивни песни од почеток до крај.

 

„Убаво е да го почувствуваш овој сјај и ’feedback’ од публиката така што од срце им се заблагодарувам на искреноста на публиката исто и на прекрасната организација на самиот фестивал што направија да се чувствуваме посебно. Публиката ни е најголемиот мотив за творење нови композиции“, ни изјави атрактивната пејачка Симона. Затоа наскоро ќе го претстават својот нов летен хит насловен „Endless Love“, овој пат во соработка со колегата од дуото ДНК, диџеј Панчокако специјален гостин во песната, за која веќе се подготвува и видео запис

 

И покрај преполните распореди со настапи ширум Македонија, познатите музичари наоѓаат време за правење нова музика, а сите оние кои сакаат да уживаат со одличните забави на Ерик Фокс и Симона, дуото веќе наредниот викенд, на 1 и 2 август има настапи во Паб Клиф оф Мохер во Мак.Каменица, и во клубЛолипоп во Куманово.



Врати се горе ↑