1 март, 2017

Ера Истрефи има нов хит

Младата косовска ѕвезда, која со хитот „BonBon“ успеа да ги освои светските топ листи и да ги надмине јазичните бариери, Ера Истрефи деновиве го објави својот нов сингл. Станува збор за темата насловена „Redrum“, за која соработуваше со американскиот продуцент Феликс Сноу, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе.

16832252_1890702567815293_548034899770521098_n

Инаку, после успехот на „BonBon“, 22-годишната пејачка потпиша договор со американските издавачки куќи „Сони мјузик“ и „Ултра мјузик“, а во јануари годинава, холандскиот фестивал „Јуросоник нордеслаг“ (Eurosonic Noordeslag) ја прогласи за европски изведувач без граници (European Boarder Breakers Award). Меѓу претходните добитници на оваа награда е и британската ѕвезда Адел.



Врати се горе ↑