27 декември, 2013

Ептен ја претставија „Мила“

Деновиве во Куманово се одржа промоцијата на новиот видео запис од групата ЕП10 (Ептен), која годинава го промовираше својот деби албум  „Доста е“ и истоимениот прв сингл, а песната „Ти ми зеде сè“ доживеа одличен пласман на повеќе телевизиски и радио емисии, година на многу нивни настапи, учества на фестивали и дружења со популарни музички имиња од балканската музичка сцена!

Станува збор за темата насловена „Мила“, чија визуализација е во продукција на Мелем Продукција, режија и монтажа на Огнен Шапковски, камера – Кристијан Теодоров, а снимен е на неколку локации во Куманово и Скопје. Со овој видео запис талентираните кумановци ја заокружуваат успешната 2013 година, а ние се надеваме дека следната ќе им биде уште поуспешна! „Мила“ можете да ја погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑