Македонија Epten ft. Beni m

29 јуни, 2013

Ептен го претставија својот деби албум „Доста е“

Љубовта кон добрата музика и квалитетниот звук е она што ги спои членовите на бендот ЕПТЕН од Куманово. Нивната рок приказна започна во 2010 година, а кулминираше минатата сабота во таканаречениот комплекс Касапски Круг, кога момците го промовираа својот албум првенец, наречен „ДОСТА Е“. Енергијата и посетеноста на настапот, на кој што присуствуваа не само кумановци, туку и фанови од Скопје, Штип, Кавадарци и Крива Паланка, покажува дека момците имаат што да покажат и дека публиката знае да препознае кога ќе слушне нешто добро.

Отсвиреа 8 песни, една ЕПТЕН добра приказна, снимена во Загреб, мастерирана во Љубљана од страна на Грегор Земљиќ. Публиката уживаше во секој рефрен, но најмногу чуства кај нив пробуди последната песна „Ти ми зеде сè“ кога се споија со бендот и ја пееа заедно со нив. Очигледно не им беше ДОСТА, и скоро секој од присутните на крајот посака да ги чуе пак и да го има овој албум, преполн со емоции и музика, во својата колекција.

Албумот за сега може да се најде во Куманово во Kashmir Rock ‘N’ Roll Bar, музичка продавница Стринг, Koi Fish Tattoo Studio и на сите настапи на Ептен по цена од 100 денари. По успешната промоција на нивниот прв албум, Ептен најавуваат настапи на Sziget Promo Fest Skopje и на Revolution Fest во Куманово каде што вечерва ќе настапат заедно со српското рап трио Bad Copy, Нокаут и многу други. Во продолжение уживајте со „Ти ми зеде сè“ во која гостува музичката легенда Бени Нон Стоп.

Извор: mmm.com.mk



Врати се горе ↑