Настани nama

12 февруари, 2014

Ептен, Белов и диџеј Саб викендов во „Нама“, Куманово

По одличниот прв викенд на новиот ноќен клуб „Нама“ во Куманово кој го одбележаа настапите на диџеи како што се Никифор и Ицко од Антена 5 радио, DJ Zarkoteach, како и акустичниот настап на сограѓаните De Marble и Евгенија Чанчалова, на кумановци им претстои уште една возбудлива програма под мотото „Викенд на виното, љубовта и среќата“.

Утревечер (13-ти февруари), првиот настап за викендов ќе го има познатиот кумановски бенд ЕП10 (Ептен), кој минатата година го објави својот деби албум  „Доста е“, на кој покрај насловната песна, се најдоа соработката со Бени Нон Стоп, односно темата „Ти ми зеде сè“, како и „Мила“. Во петок, клубот ќе биде специјално декориран за денот на виното и љубовта, ќе има промоција на вино од асортиманот на Тиквеш, награди за припадничките на понежниот пол, а за забавата ќе биде задолжен познатиот пејач Александар Белов и неговиот бенд.

Во придружба на професионални танчерки, во сабота (15-ти февруари) атмосферата ќе ја загрева Сабри Кастрати или DJ Sabb, еден од најперспективните и најиновативните диџеи кој веќе се искачува на големата сцена. Саб преку своите Deep-Techy-Tribal-Hypnotic звуци во изминатите две години се промовираше како значаен фактор од електронската музичка сцена. Неговите музички изданија се со етикета од најзначајните и највлијателните електронски музички куќи ширум светот како што се: Noir Music, Moon Harbour Recordings, Audiomatique Recordings, SK Supreme Records, Defected, Mood Music, FLASH and Great Stuff Rec… Неговиот најнов микс насловен „The Drums of Peace“ можете да го слушнете во продолжение.

И оваа неделна вечер кумановци повторно ќе можат да се забавуваат со Евгенија Чанчалова и  De Marble. Во четврток, петок и недела влезот е слободен, а во сабота за настапот на диџеј Саб влезниците ќе чинат 100 денари.



Врати се горе ↑