Балкан Ensh_fotograf Zulfikar Filandra

19 јануари, 2015

Енш со прв сингл на мајчин јазик: Слушнете ја „Ќути“

„Уан-мен-шоу“ атракцијата, Енш (Ensh), позади која се „крие“ продуцентот Миленко Вујошевиќ, веќе со години ја освојува Канада и Америка. Со комбинација на семплови, синтизајзер и вокални лупови, Енш гради единствен стил, автентично видување на електро-инди-поп музиката.

Енш досега пеел на англиски, а со новиот сингл „Ќути“ одлучил да започне сосема нова етапа на творештво. Тој се препушти на предизвиците на мајчиниот јазик и го објави првиот од низата синглови со кои ќе се обиде да го шармира Балканот. Преку поигрување со јазични изрази карактеристични за нашето поднебје, Енш создаде заразна мелодија, која покрај со зборовите, кокетира и со различни електро и поп стилови:

„Песната ’Ќути’ е игра на едноставни зборови, кои во голема мера нè опишуваат сите нас од овие краишта. Реакцијата на пријателите на коишто им ја претставив работната верзија беше супер, а забележав и дека веднаш ги размрда и им измами насмевки. Тоа ми беше само потврда дека се движам во вистинската насока“, изјавил Енш по повод објавувањето на новата песна, за која наскоро планира да сними и видео запис.

Со овој сингл Енш го најавува ЕП изданието „Both Of Them Milenko“, прво издание на кое ќе го обедини својот материјал на англиски и на мајчин јазик. Заедно со белгиската електро атракција „Солдаут“ (Souldout), Енш ќе замине на промотивна турнеја која ќе опфати 11 балкански градови. Започнувајќи од 12 февруари во Белград, во рамките на турнејата ќе настапи и во Осијек, Темишвар, Софија, Нови Сад, Суботица, Загреб, Бања Лука, Сараево и секако, Скопје.

Песната „Ќути“ можете да ја преслушате овде, а Енш можете да го следите на следните мрежи и сервиси:



Врати се горе ↑