Балкан

17 мај, 2018

Енш нè заплиснува со „Таласи“ и го оживува микстејп-творештвото

Енш само понекогаш доаѓа од Канада во регионот, но бидејќи најмногу го инспирира музиката од современите поп/рок/инди-творци од нашите простори, секое негово доаѓање е плодотворно! Имено, со видеото за заразната песна „Таласи“, Енш го најавува микстејпот што ќе го објави наскоро.

„’Таласи’ е првиот сингл од микстејп-албумот што го нареков ’Оквир’, а кој ќе биде мој омаж на овдешната сцена, на луѓето што ги обожувам и оној Белград што го познавам“, искрен е Миленко Вујошевиќ, попознат како Енш. Во првиот сингл, песната „Таласи“, освен семпловите од „Teenage Witch на Џон Маус, Енш бил инспириран и од бендот „Догз ин Кавала“ (Dogs in Kavala) и нивната песна „Хвалa што постојиш“, чии семплови исто така ги искористил.

„Од групата ’Догз ин Кавала’ се воодушевив при првото слушање! Ми се допадна тоа што свирката им е толку едноставна и сведена, а сепак апсолутно впечатлива и незаборавна. Кога почнав да работам на микстејпот, знаев дека морам некако да ја искористам токму таа песна“, објаснува Енш.

И „Догз ин Кавала“ се воодшевени од фактот што го инспирирале Енш и неговите „Таласи“. „Песната е одлична и многу нè радува дека музиката што ја компонираме инспирира некого, а уште повеќе кога под нејзино влијание се создаде и нешто ново, како што направи Енш!“, велат од бендот.

Фотографија на Ensh.

Видеото за „Таласи“ е едноставно. Сведено. Лоу-фај естетиката е во служба на музиката, која доаѓа во преден план. „Видеото настана сосема случајно кога јас и брат ми Александар гледавме некои стари снимки од пред петнаесетина години, кога бевме деца. Решивме да ги искористиме бидејќи совршено се вклопуваа во естетиката на музиката“, додава Енш.



Врати се горе ↑