26 мај, 2015

Енш го објави видео записот за песната „Недавно“

Соло уметникот и продуцент Миленко Вујошевиќ, попознат како Енш, привлече големо внимание од публиката во регионот со песната „Ќути“, која е првиот сингл што го сними на мајчин јазик. Тој штотуку го пласираше новиот видео запис за песната „Недавно“, како втор сингл и најава за ЕП изданието „Both of Them Milenko“, на кое ќе го обедини материјалот и на англиски и на мајчин јазик.

Новиот видео запис за песната „Недавно“, во која гостува Дуња Дачиќ – Доџо, Енш подолжи да го надградува единствениот визуелен идентитет, а со стиховите и тоновите да флертува со електро-поп стиловите.

„Секоја моја песна претставува игра на зборови и идеи. Со синглот ’Недавно’ се обидов да и дадам форма на тензијата која што често ја чувствувам – тензија меѓу носталгијата и неизвесната иднина… Сепак, студирав филозофија, така што сакам и да мудрувам“, изјави Енш по повод објавувањето на новата песна и првиот видео запис, за кој самиот го осмисли концептот. „Видео записот е снимен во еден кадар – ја опфативме сегашноста, подвижните слики на интересното минато и блесокот на неизвесноста на иднината“, додаде тој.

За овој видео запис Миленко соработувал со Јелена Петковиќ и Јелена Рубил, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.



Врати се горе ↑