28 октомври, 2015

Енш го објави видео записот за „Can’t Turn It Off“

Миленко Вујошевиќ, попознат како Енш, го објави првиот видео запис на англиски јазик од своето најново издание „Both Of Them Milenko“. Станува збор за екранизација на темата „Can’t Turn It Off“ во режија на братот на Миленко, Алекс Вујошевиќ, со кого веќе соработуваше и за видео записите за песните „Fiks“ и „Robin Hood“, сместени на неговото првенче „Belgrade“. Како и претходните два, така и овој нов видео запис го има препознатливиот авторски печат и автентична визуелна надградба, која ја заокружува уметничката претстава на невротичноста на модерното општество.

Песната „Can’t Turn In Off“ ги опишува нервозата и анксиозноста на поединецот во современиот свет, со агресивен, но воедно и танцов ритам. Спотот создава привлечна тензија водена од лудиот и духовит карактер.

„Оваа песна ги опфаќа идеите коишто најмногу ме вознемируваат додека се обидувам да заспијам. Често сум анксиозен и сакав сите мои размислувања да ги опишам во една хаотична песна, но истовремено да биде и ритмична и разиграна. Мислам дека најтешките нешта понекогаш можат да бидат причина за најголемата среќа“, објаснува Енш, додавајќи дека тоа е тоа што ја дава таа посебна атмосфера на песната, а по која и се издвојува од останатите теми на албумот.

Видео записот за „Can’t Turn It Off“ е достапен на официјалниот канал на Јутјуб на Енш, а Вие можете да го погледнете и горе.

Инаку, Енш штотуку се врати од двомесечната турнеја која го опфати и престижниот ирски фестивал „Electric Picnic“, каде што настапуваше во рамките на сите три дена, како и турнејата низ Балканот, а исто така имаше и три настапи на фестивалот „Indie Week“ во Торонто, во Канада.

Енш можете да го следите на:

enshmusic.com 
facebook.com/enshmusic
twitter.com/enshmusic
youtube.com/EnshOfficiaл
ensh.bandcamp.com
soundcloud.com/ensh
tumblr.com/blog/milenkospeaks


Врати се горе ↑