Балкан Both of them Milenko OMOT

20 август, 2015

Енш го објави албумот „Both Of Them Milenko“

На почетокот на годинава публиката во регионот имаше можност да се запознае со Миленко Вујошевиќ, уметникот и продуцент кој се крие зад името Енш. Со заразните текстови и хипнотични мелодии на песните „Ќути и „Недавно“, неговите први остварувања на мајчин јазик, Енш ги воведе љубителите на електро и инди звукот во една сосема нова димензија.

Бидејќи претходните две години ги освојуваше Канада и САД со песни на англиски јазик, Енш одлучи на новиот албум да бидат подеднакво застапени нумери од двете негови говорни подрачја, па така и изданието пригодно го наслови „Both Of Them Milenko“.

Фотографија: Наташа Цветковиќ 

„Идејата ми беше албумот ’Both Of Them Milenko’ да биде во ’олд скул’ стил, да се доживее како издание составено од А и Б страна… Песните на англиски јазик се одраз на лични искуства и се малку поагресивни и покомплексни, и музички и текстуално. Имав голема желба да се изразувам на мајчин јазик, па чувството на несигурност соодветно да се изразам го пребродив со едноставни, питки стихови, со доста репетиции, кои во еден момент се претвораат во еден вид мантра. Морам да признаам дека на досегашните настапи во регионот, а ги имаше дваесетина во изминативе месеци, доживеав само позитивни реакции на новите песни. На луѓето им се допаѓа тој специфичен електро звук зачинет со инди и драм-ен-бејс елементи – доживуваат чиста енегија!“, искрен е Миленко Вујошевиќ – Енш.

Албумот „Both Of Them Milenko“ е достапен на неговата страна на Бендкемп, а Енш можете да го следите на:



Врати се горе ↑