Концерт

13 април, 2016

Енрике Иглесијас на 20 јуни во Скопје!

После потврдениот настап на мегаѕвездата Дејвид Гета, кој ќе биде главна ѕвезда на „Скопје колинг 2016“, од „Авалон“ потврдија уште една одлична вестконцерт на латино заводникот Енрике Иглесијас во Скопје!

„Огромно задоволство ни е да ве информираме дека ’Авалон продукција’ продолжува со објавата на големи и значајни музички настани оваа сезона во Македонија. Во рамките на историскиото концертно лето во Македонија, ќе се случи еден концерт којшто навистина со право ги носи префиксите историски и суперексклузивен.

Концертот на Енрике Иглесијас во Скопје, кој ќе се одржи на 20 јуни во СЦ ’Борис Трајковски’ е историски, затоа што за првпат во Македонија доаѓа пејач којшто е од А листата на светски изведувачи, а суперексклузивен е затоа што капацитетот на салата во СЦ ’Борис Трајковски’ (само 8.000 карти ќе бидат пуштени во продажба) е убедливо најмал од сите простори кои Енрике во последниве десетина години настапувал низ светот. 

 

Цените на влезниците за овој концерт ќе бидат прилагодени според македонскиот пазар и сите детали околу нив ќе бидат објавени во петок во 19 часот.

Шпанскиот заводник во Скопје доаѓа во рамките на светската турнеја ’Sex and Love’, во која го промовира својот последен студиски албум. На македонската публика ќе и` се претстави со сите негови досегашни хитови, вклучувајќи ги последните и можеби најпопуларни ’Bailando’, ’El Perdon’, потоа, ’Not in Love’, ’Hero’, ’Tonight’, ’Bailamos’, ’I Like It’..., кои несомнено беа на челните позиции на разни топ листи во светот. Енрике Иглесијас планетарната слава ја доживува со плочата ’Enrique’ четири години подоцна, додека следните албуми ’Escape’, ’Quizas’ и ’Insomniaс’ дополнително му ја зацврстија позицијата како еден од водечките пејачи на светската сцена.

 

Кралот на латино поп музиката, како што медиумите го нарекуваат Енрике, продал над 140 милиони албуми ширум светот, а исто така тој е еден од ретките изведувачи, чиј хит сингл ’Bailando’ има преку милијарда прегледи на Јутјуб, кој му обезбеди и место во Гинисовата книга на рекордите.  Иглесијас е единствениот музички артист кој дури 13 пати бил на првото место на Билбордовата денс листа, а соработувал и со бројни светски ѕвезди и освоил значајни награди, меѓу кои и Греми, Билборд, Американски музички награди… 

Одиме понатаму,
Авалон продукција“

13015400_1254994707861887_7295318926118114858_n



Врати се горе ↑