Свет ei-mtv-ema

28 октомври, 2014

Енрике Иглесијас ќе настапи на европските музички награди на „Ем-ти-ви“

На списокот со изведувачи кои ќе настапат на јубилејното 20-то доделување на европските музички награди на „Ем-ти-ви“, денеска беше додадено уште едно светски познато име. Станува збор за латино заводникот Енрике Иглесијас, кој годинава е почестен и со номинација во категоријата „Најдобар настап на светска сцена (World Stage)“, а веќе е изгласан и за „Најдобар шпански изведувач“. Иглесијас им се придружи на веќе објавените изведувачи како што се Аријана Гранде, Ед Ширан, Кајза, „Ројал блад“, Чарли Екс-си-екс и Келвин Харис.

Покрај веќе постоечките, музичкиот канал ја воведе категоријата „Најдобра песна со порака“, во која ќе бидат номинирани песни кои ги инспирираат младите луѓе, обработуваат теми кои им се важни и ја зголемуваат свеста за околината и проблемите кои ги мачат. Годинава во трка за оваа награда се:

  1. „We Exist“ – Аркејд фајр, песна во која станува збор за сексуалниот идентитет
  2. „We Are Here“ – Алиша Киз, апел да престане насилството ширум планетата, да се здружиме и да бидеме хумани
  3. „Take Me to Church“ – Хозиер, песна која зборува за проблемот со хомофобијата и јакнењето на хуманоста преку демонстрирање на љубов
  4. „Pretty Hurts“ – Бијонсе, тема која се бави со опседнатоста од изледот и ниската самодоверба
  5. „All About That Bass“ – Меган Трејнор, химна за себеприфаќањето и внатрешната убавина

Доделувањето на европските музички награди ќе се одржи на 9 ноември (недела) во салата „Хајдро“ во Глазгов, а манифестацијата која ќе започне во 21 часот ќе биде пренесувана во живо на сите канали на „Ем-ти-ви“. Гласањето во сите категории се одвива на mtvema.com.

Извор: MTV.rs



Врати се горе ↑