10 април, 2018

Енрике Иглесијас и Десемер Буено имаат нов хит

Откако го освоија светот со одличните „Bailando“ и „Súbeme la Radio“, Енрике Иглесијас и кубанскиот колега Десемер Буено повторно ги здружија силите за неодамна објавениот дует насловен „Nos fuimos lejos“ (Заминавме далеку), во кој гостува и кубанската регетон-ѕвезда Ел Мича.

Музичарите се потпишуваат и како автори на песната заедно со композиторот Хорхе Луис Пилото, кој зад себе има долга авторска кариера и пишувал песни за салса-изведувачи како што се Гилберто Санта Роса, Карлос Вивес и многу други.

Синглот стигна заедно со разиграно видео во режија на Педро Васкез, а како изгледа и звучи сето тоа дознајте горе. Уживајте!



Врати се горе ↑